- Македонски
- English
- Shqip

Веројатно досега сте го чуле советот дека чаша вода со лимон наутро може да направи чудо за организмот. Овој освежителен пијалак има голем број придобивки за вас, а неколку од нив можете да прочитате во продолжение. Рецептот е многу едноставен. Наутро, пред појадок, исцедете половина лимон во една чаша Горска вода. Ова се само дел од причините поради кои консумирањето на природна изворска вода со лимон е одлична комбинација.
Го јакне имунитетот
Витаминот Ц го јакне вашиот имунитет и со тоа го штити вашето здравје. Нивото на витамин Ц во вашиот организам нагло опаѓа кога се наоѓате под стрес, затоа и се препорачува да внесувате поголемо количество витамин Ц во стресните денови.
Лимонот е богат со калиум
Калиумот е одличен за добра работа на срцето и вашиот мозок.жж
Подобар дигестивен систем
Водата и лимонот не само што го подобруваат варењето, туку и го прочистуваат вашиот организам од токсини.
За здрава кожа
Антиоксидантите во лимоновиот сок помагаат за да се намали појавата на брчки и дамки на кожата, а правилната хидратација е клучна за одржување на здрава кожа.
За регулирање на тежината
Лимонот содржи пектин, кој му помага на организмот да се справи со гладот, додека водата го потиснува апетитот по природен пат и му помага на телото да ги метаболизира насобраните масни наслаги. Повеќе студии покажале дека намалувањето на внесената количина на вода предизвикува зголемување на масните наслаги, додека зголемувањето на консумираната количина вода може да ги намали истите.
За зголемена енергија
Комбинацијата на природна изворска Горска вода и лимон, не само што дава енергија, туку и помага во борбата со депресијата и анксиозноста.