Горска и Гора на “Слатка Мистерија 2014”

На 10 февруари, во просториите на Ex Cinema се одржа осмата по ред Тортијада “Слатка Мистерија 2014”, во организација на хуманитарната организација Ангелчиња - ХОА во соработка со општина Ѓорче Петров. Сите посетители, оваа година ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматерите и професионалците. Сите средства собрани од лицитацијата на тортите ке бидат наменети за детската градинка Росица. Горска како и секогаш е лојален поддржувач на сите хуманитарни настани.