Горска и Бизнис лига на Македонија - спремни за спортскиот спектакл

Со задоволство и оваа година продолжуваме со соработката со Бизнис лигата на Македонија.
Понесени од минатогодишниот успех и годинава сме на листата на главни поддржувачи на овој спортски настан.


Поттикнувањето на здравите животни навики, спортскиот дух и фер плеј е она што нè испирира да учествуваме и понатаму да ја негуваме нашата традиција на општествено одговорна компанија.
Посебно нè радува фактот дека во Бизнис лигата на Македонија учествуваат компании со извонредни спортисти.
Учесниците се спремни и жедни за нови победи, а ние со нетрпение го чекаме првото свирче на судијата за почеток на серија натпревари исполнети со возбуда и неизвесност.