Горска ги освежуваше учесниците на “Мајфлај 2019”

Да се лета без мотор е возможно но не и без знаење и вештина.“ - Вилбур Рајт

И оваа година бевме присутни на најневообичаениот мајски настан посветен на радио контролираното воздухопловство и моделарство како хоби, спорт и незаборавно искуство!

Настанот се оддржа викендот на 11-ти и 12-ти  мај 2010 на Спортскиот аеродром СТЕНКОВЕЦ.

Беа промовирани сите категории на радио контролирани модели како и достигнувањата на македонските моделари и пилоти. Учесниците имаа можност да ги  споделат, но и да разменат  искуства со сите  интернационални моделари и пилоти кои беа учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер.