Горска е поддржувач на кампањата за подигање на јавната свест за климатски промени “Климата се менува, од нас зависи”

Климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човечкото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници.

Горска активно партиципира во развојот на општествениот и социјалниот живот и како резултат на тоа постојано поддржува културни и спортски манифестации што се случуваат во државата. Една од главните одлики на компанијата е еколошката свест за грижа на животната средина што ја опкружува како и влијанието на фабриката врз животната средина. Затоа компанијата го има имплементирано ИСО 14001:2004 и работи  согласно со тој стандард. Горска производите се полнат во ПЕТ амбалажа која ги задоволува сите светски еколошки стандарди.

Компанијата Кодинг, под чија капа се производите на Горска, Гора и Староградско има добиено сертификат од Пакомак за опшествено одговорна компанија, со значителен придонес во заштите на животната средина.

Како опшествено одговорна компанија, Кодинг – Горска го поддржува здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, кое организира настани кои се дел од кампањата за климатски промени која се спроведува во рамки на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени.

“Поддржуваме повеќе манифестации од овој тип, со цел да придонесеме кон подигнување на свеста за здрава животна средина. Со различни активности укажуваме дека очекуваниот и добар квалитет на водата го оддржува здравиот екосистем и подобрува животот на луѓето” – изјавија од Горска.