Детоксикација со вода за подобар имунитет во есенските денови

За време на летните денови, сончевата енергија има позитивно влијание на нашето здравје и расположение, но со означувањето на есента и сè поретките сончеви периоди, нашиот имунитет опаѓа и ние стануваме повеќе склони кон настинки и заболувања.

Со цел да ја вратите енергијата и подготвите вашиот организам за сезоната во која изобилуваат вируси, предлагаме да ја примените оваа детоксикација со вода. Напивката содржи неколку состојки кои се лесно достапни, а влијаат позитивно на вашиот имунитет.

За подготовка, потребно е:

-          2 литри Горска вода

-          1 свежа краставица

-          1 лимон (или 2 лимети)

-          10 листови нане

Најпрвин, добро измијте ги краставицата и лимонот. Потоа, исечете ги на ситни парчиња и ставете ги заедно со нането во стаклен сад. Состојките се преливаат со Горска вода и се оставаат во фрижидер. Од напитокот за детоксикација се консумира по една чаша дневно.

На здравје!