Детоксикација на организмот после празниците

Горска детоксикацијаНовогодишните празници сè уште незавршиле, трпезите се полни со храна која привлекува, а се конзумира алкохол почесто. За да може без грижа на совест да уживате во празниците, треба да размислувате за послепразнична детоксикација на организмот. По овој хедонистички период и прекумерното уживање во храната и пијалакот, треба да се вратите во форма и да го исчистите телото од насобраните токсини. На телото му треба детоксикација за да остане здраво и да ги избегне сите евентуални вируси и грип. Многу е важно да го одржите имунолошкиот систем и да го прочистите телото од разните отрови, опасни за нашето здравје.

 Следните совети се најдобар начин за да го постигнете тоа:

- Ова е првиот неизбежен совет кога станува збор за подобрување на функцијата на организмот. Одржувањето на оптимална хидрираност на организмот ќе се одрази на вашата енергија, но и вашиот изглед. Доколку би сакале да го забрзате исфрлањето токсини од телото, во водата додајте малку лимон – познат како чудотворец во детоксикацијата. Чаша Горска вода со сок од половина лимон е идеален начин за започнување на денот.

- Втората важна работа при овој процес е внесување на поголеми количини чаеви и вода. Зелениот, белиот и чајот од корен од бел слез се идеални за прочистување на организмот за тоа што стимулираат лачење. Во остатокот од денот, освен Горска вода, пијте и природни сокови. Здравите сокови може да ги подготвите и дома во вашиот соковник, сè што ви треба е цвекло, моркови, јаболка, дополнети со малку магдонос или нане за вкус.

- Овошјето може да се јаде во неограничени количини, но треба да се внимава навремето на консумирање. Овошје не треба да се консумира веднаш по јадењето, најдобро е да се јаде овошје како меѓуоброк и тоа 2 часа после главниот оброк. Од овошје треба да се консумира јаболка, круши и грејпфрут, бидејќи тие се богати со пектин - корисен за намалување на холестеролот во крвта. Грејпфрутот е благ диуретик и се препорачува на лица кои имаат проблеми со задржување на водата во организмот.

- Заборавете на брзата храна! Сендвичите, палачинките и другите видови на брза храна се неверојатен извор на токсини и убијци на здравиот метаболизам. Затоа, избегнете ги барем на неколку дена, а подгответе си здрав оброк, полн со диетални влакна и витамини. Ви ги препорачуваме брокулите, карфиолот, зелката, ротквиците, лукот, а особено ѓумбирот.