Децата и Л-Карнитинот - Есенцијална тема

Децата треба да внесуваат повеќе Л-Карнитин преку исхраната, бидејќи нивниот метаболизам има значајно помал капацитет за произведување на оваа супстанца, отколку возрасните.

Само 12% од количината на Л-Карнитинот може максимално да се синтетизира во човечко тело. Во случаи на грип, настинка или разни детски болести, драстично се зголемува потребата на детето за Л-Карнитин. Во овие случаи, снабдувањето со Л-Карнитин преку исхраната станува уште позначајна.

Во случај на алергии од млеко или хиперсензитивност, Л-Карнитинот е најважна состојка за мали деца според мислењето на водечките нутриционистички специјалисти. По природа, растителната замена за млекото не содржи воопшто Л-Карнитин. Токму затоа, во некои земји, додавањето минимална количина на Л-Карнитин се препишува со закон. Разни студии покажуваат дека доколку не се внесува оваа супстанца можно е децата повеќе да се разболуваат, да имаат намалена виталност, па дури може да настанат и пореметувања во развојот.

Бременост

Поради мобилизирање на резервите за растење на ембрионот, резервите на мајката со Л-Kарнитин се редуцирани. Причината за ова се базира, не само на големите барања, но и во честата намалена застапеност на железото, што исто така го ограничува производството на Л-Карнитин во телото. Резултат на тоа е намалената способност за справување со физичкиот и психичкиот напор, како и зголемениот ризик од инфекции. Ако Л-Карнитинот се користи како додаток во исхраната, овие состојби можат значително да се подобрат.

Како што споменавме погоре, Л-Карнитинот ги зајакнува и го снабдува организимот со дополнителни енергетски резерви на природен начин и самото закрепнување на мајката по породувањето ќе биде многу побрзо.

Според мислењето на нутриционистите, поради неснабдувањето со Л-Карнитин низ исхраната, бремените вегетеријанки треба дефинитивно да ја земаат оваа супстанца како суплемент. Според доктор Лонингер од Универзитетот во Виена, оваа дефициенција треба да се компензира со 2-3 грама Л-Карнитин.

Дечиња

Во некои случаеви, меморијата и способноста за концентрација, течен говор, ментален капацитет можат да се подобрат со внесување Л-Карнитин. Истото важи и за децата кои имаат проблем да се адаптираат кон стрес и притисок на училиште. Внесувањето на Л-Карнитин овозможува мозокот да биде подготвен и јасен, а детето добива желба да учи, наместо да се фрустрира.

Развојни пореметувања

Во Швајцарија и Италија, докторите препишуваат до 5 грама Л-Карнитин дневно како ефективна терапија за децата со проблеми во развојот. Бидејќи децата не можат сами да произведат Л-Карнитин, тие се целосно зависни од оваа витална супстанца која ја има во храната. Кога нема доволно количини поради диети, станува тешко да се одржуваат метаболичките функции. Без Л-Карнитин, не е можно да се добие енергија преку топење на мастите - последично енергијата за телесните функции се зема од согорување на протеините и јаглехидратите.