- Македонски
- English
- Shqip

Хидратацијата е особено важна за децата. Земајќи ја предвид нивната телесна тежина, сосема логично е тие да имаат поголеми барања за вода отколку возрасните. Децата не секогаш ги препознаваат раните фази на жед, а тоа може да ги направи особено чувствителни на дехидрација во периодите кога имаат зголемена загуба на течности, како на пример, кога спортуваат или кога е многу топло. Дури и да станува збор за блага дехидрација, таа може да предизвика замор, главоболка, недостиг на концентрација, намалено вршење на ментална работа и сува кожа.
Колку вода треба да пијат децата?
Количината на вода која треба да ја внесуваат децата, во голема мера се разликува од фактори како што се возраста, полот, времето и колку тие се физички активни. Се препорачува децата на возраст од 4 до 13 години да пијат околу 6 до 8 чаши течност на ден.
На помалите деца им се потребни околу 150 милилитри вода.
Совети за одржување на хидратацијата на најмладите
Интересни факти за водата
5. Водата е дел од сите пијалоци и храната. На пример, водата се наоѓа и во сокот од портокал и во млекото, во овошјето и зеленчукот, па дури и во сирењето!
6. Може да преживееме неколку недели без храна, но само неколку денови без вода.