Брендовите Горска вода и Гора - дел од манифестацијата „Ем умеам, ем можам“

И оваа година добро познатите брендови Горска вода и Гора беа дел од манифестацијата “Ем умеам, ем можам”, која е во организација и соработка на Општина Карпош и Skopje City Mall. 

Настанот се одржа на 17-ти октомври од 12:00 до 23:00 часот пред платото на Skopje City Mall.

Посетителите од Карпош, Скопје и цела Македонија, на околу 40 општински штандови со изложувачи од малите и средни претпријатија, се забавуваа со целодневната програма што ја подготви Општина Карпош. 

На штандот на Горска вода, секој имаше можност бесплатно да се освежи со производите од палетата на компанијата Кодинг.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од настанот.