Бесплатно групно вежбање на отворено „Горска во движење“ во Градски парк

Ова лето почна да се реализира првиот од низата бесплатни настани поврзани со здравиот начин на живот финансирани од Горска вода кои се дел од проектот „Горска во движење“ (Gorska on the move). Горска вода овозможи бесплатни часови по аеробик кој ги држеше проф. Лазар Иванов и Mix Aerobik Extreme тимот.
Сите љубители на аеробик вежбите можеа да се рекреираат секој вторник на теренот на ФК.Работнички во Градскиот парк со почеток од 19 часот во времетраење од 60 минути.
Горска вода и професионалниот тим на иструктори се погрижија да докажат дека вежбањето и конзумирањето на квалитетна вода се најдобар начин за одржување на витката линија, одржување на здравјето и благосостојбата на телото. „Горска во движење“ ќе продолжи со овие активности и следната сезона.