Бесплатна вода за сите учесници на “Beach Run 2018”

Горска како долгогодишен пријател на "Beach Run" и спонзор на спортските настани во Македонија и оваа година зема учество во промотивните трки на оваа манифестација со цел подигање на свеста за подобрување на квалитетот на живеење. "Beach Run" е серија на трки која ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија (Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) во текот на јуни и јули 2018 година, во вид на летна лига во трчање, составена од три трки на 5км, една на 10км и еден полумаратон.

Во насока на потенцирање на важноста на физичкото и психичкото здравје, како и водата како најважна хранлива материја и основна компонента на човековото тело, сите учесници и организатори на Beach Run  имаа можност да се хидрираат и да ги надополнат изгубените количества на течности со Горска вода.