Бесплатна вода за сите натпреварувачи на Женската трка и Скопскиот маратон

Горска како долгогодишен пријател на Скопскиот маратон и спонзор на спортските настани во Македонија и оваа година зема учество во промотивните трки на оваа манифестација со цел подигање на свеста за подобрување на квалитетот на живеење.

Под мотото „Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање“ во неделата, на 05.04. по трет пат се одржа „Женската трка“ како дел од промотивните трки на Скопскиот маратон 2015. Во насока на потенцирање на важноста на физичкото и психичкото здравје, како и водата како најважна хранлива материја и основна компонента на човековото тело, сите учесници и организатори на Женската трка имаа можност да се хидрираат и да ги надополнат изгубените количества на течности со Горска вода.

Редовната физичка активност и внесувањето на доволна количина на вода е една од клучните фактори за здрав живот и правилно функционирање на организмот. За време на спортски активности, консумирањето на Горска  вода го забрзува метаболизмот, ја зголемува физичката енергија,значително ги топи масните наслаги и помага во создавање на мускулна маса.

Горска со големо задоволство организира и учествува во организација на настани кои имаат цел да промовираат здрав живот и грижа на здравјето, а со поддршката на Скопскиот маратон и оваа година го потврдува ова мото.