7 начини како да се ослободите од темните подочници

Стресот, премногу кофеин, недостиг на сон и брзиот начин на живот, не само што негативно влијаат врз нашето здравје, туку се одразуваат и врз нашиот изглед, оставајќи траги во вид на темни кругови и кесички под очите кои нè прават да изгледаме уморени и ненаспани. Но, иако постојат козметички производи кои „ветуваат“дека ќе ве ослободат од подочниците преку ноќ, сепак овие индикатори на влошено здравје најдобро се лекуваат на неколку природни начини.

  1. Консумирајте 8 чаши вода на ден. Бенефит од редовно консумирање Горска е тоа што може да ги намали темните кругови под вашите очи. Доколку можете и дополнително да го намалите внесот на кофеин и во замена да додадете вода, тоа би било совршено.
  2. Кесички со чај. Ставете ги на очите кесичките со чај, тие содржат танин кој помага за подуени подочници и за отстранување на темните кругови околу очите.
  3. Намалете ја солта во исхраната. Големото количество на сол ја задржува водата на невообичаени места во телото. Како резултат на тоа се создаваат подуени подочници. Консумирањето на многу сол влијае и врз циркулацијата на крвта и со тоа крвните садови под очите се видливи како темни кругови.
  4. Краставица. На сите ни е познато дека краставицата се користи за освежување на кожата околу очите. Поставете 2 парчиња ладна краставица врз очите и оставете ги да делуваат 10-15 минути.
  5. Здрава исхрана. Јадете здрава и балансирана храна, пијте доволно вода и внесувајте ги потребните витамини.
  6. Добар сон. Секогаш обидувајте се да имате добар сон. Најчесто на телото му се потребни 7-9 часа сон.
  7. Не ги чешајте очите. Најчесто чешањето на очите е предизвикано од алергија, но не секогаш. Независно од причината, престанете да ги чешате очите. Тоа ја иритира кожата и може да доведе до пукање на малите капилари или да предизвика подувување на подочниците.