15 тони бесплатна вода за сите напреварувачи на ВИЗ ЕР Скопскиот маратон

Оваа година, седми пат по ред, Горска Вода беше официјален партнер на ВИЗ ЕР Скопскиот Маратон и се грижеше за правилна хидратација на сите натпреварувачи, кои, на 9-те освежителни станици, имаа можност да се освежат со најквалитетна олигоминерална вода и да ги надополнат изгубените течности за време на трката. На целта, учесниците имаа можност да се одморат и да “фатат здив” во специјално дизајнираниот Горска корнер.

Седмата година на заедничкото партнерство помеѓу Горска и ВИЗ ЕР Скопскиот маратон, беше рекордна и по бројот на учесници на истиот, но и по количината на вода која беше испиена од нивна страна. Резултатот од испиени преку 15 тони Горска вода е еднаков на околу 75.000 чаши или количина која просечен човек ја пие за 26 години, доколку пие по 8 чаши вода дневно.

“Водата, како еден од есенцијалните елементи, претставува незаменлива компонента за правилното функционирање на човековиот организам во нормални услови и во услови на зголемен физички напор. Поради тоа, еден од главните приоритети во политиката на социјална одговорност на нашата компанијае и грижата за човековото здравје и поттикнување на активниот живот како предуслов за одржување на истото.Во таа насока, горди сме што придонесуваме во подобрувањето на здравите навики на луѓето, а како долгогодишни партнери на скопскиот маратон и дополнително помагаме тој да биде еден од најпрепознатливите настани во нашата држава.” – изјави Кристина Арсовска, маркетинг директор на Горска вода.