Горска – официјален поддржувач на Бизнис Лига на Македонија

Драго ни е што нашата соработка со Бизнис лигата на Македонија продолжува и втора година по ред ќе се погрижиме за освежувањето на учесниците. По минатогодишното одлично искуство, Горска и годинава е еден од главните поддржувачи на овој спортски настан кој на едно место ги собира најдобрите спортисти од бизнис секторот во нашата земја.

Една од главните одлики на Горска е тоа што како општествено одговорна компанија постојано се трудиме преку нашите проекти и воедно како поддржувачи на вакви спортски настани, да го поттикнеме спортскиот дух. Мора да истакнеме дека Бизнис лигата на Македонија е одличен показател дека компаниите во својот состав имаат извонредни спортисти. Ние ќе навиваме за одлични резултати, возбудливи и неизвесни натпревари, и им посакуваме среќа на сите учесници.