Влезете во ритам со природата со „Горска“

Природата со сите свои бои е преточена во динамичниот и колоритен дизајн на новата едиција на „Горска“, инспириран од планинските врвови на планината Кожуф.

Специјалната едиција на „Горска“, под мотото „Во ритам со природата“, ги предизвикува вљубениците во природата да се препуштат на едно вистинско, искрено и динамично доживување кое продира длабоко со секоја капка од природната изворска вода на „Горска“.

Спектарот на бои на специјалното издание се поврзува со различните состојби на умот и телото, бои изведени од природата кои будат еден разигран ритам во секој од нас.

Ритам, кој го следи разбрануваното движење на водата од самото нејзино извирање и нѐ вивнува кон планинските врвови на Кожуф.

Побарајте го новото пакување на „Горска“ и влезете во ритам со природата!