Одиме на урбана дружба на Урбан Фест!

Овој петок и сабота (28 и 29 април) ќе присуствуваме на Меѓународниот фестивал за улична уметност и живи статуи Урбан Фест, каде ќе бидеме задолжени за освежувањето на сите посетители. Ве покануваме на урбана дружба на Јадран Сквер!

На фестивалот свое учество ќе имаат шест артисти од Македонија, двајца од Бугарија, еден од Германија, еден од Холандија, тројца од Португалија, двајца од Србија и двајца од Босна и Херцеговина. Театро-СК ќе биде поставен како класичен формат како и сите останати фестивали од ваков карактер низ улиците ширум светот на пешачка зона која претежно се наоѓа во центарот на градот, во нашиот случај артистите ќе бидат стационирани на Сквер Јадран во Центар. На средината на кружниот тек ќе се постави централна бина која ќе биде во функција преку целиот ден, а на споредните четири улички ке бидат поставени артистите и нивните актови – СТАТУИ.

На една од улиците ќе се црта ликова 3Д уметност, а ќе биде изработена од гостите од Босна и Херцеговина.

Важно е да се напомене дека секој артист пред себе ќе има шапка во  која посетителите може да му остават пара, а средствата кои ќе се соберат тие два дена ќе бидат донирани во општина Центар за хуманитарни цели.