Како полесно да ги поднесете топлите летни денови?

Деновиве сме сведоци на тропските температури кои го зафатија нашиот регион, а поради тоа не се ни сомневаме дека се прашувате како полесно да го поминете денот и како да успеете да функционирате нормално. Еве неколку практични совети кои треба да ги имате на ум.

Носете светла и тенка облека
Светлата облека е најпрепорачлива во овие топли денови. Црната облека можеби ви стои добро, но заборавете ја се додека температурите се над 30-тиот степен. Важно е и да носите тенка и комфорна облека. Внимавајте на материјалот од кој е изработена, затоа што некои не го пропуштаат испарувањето и можат да предизвикаат проблеми за телото како прекумерно потење, дехидратација па дури и шок.

Шешир и очила
Овие реквизити треба да бидат постојано со вас. Не излегувајте на улица без да ги заштитите очите со очила за сонце, но и шешир, кој е доволно голем да го спречи директното сонце врз вашата глава.

Лесна, течна храна
Немојте ни да помислувате на печено месо, хамбургери и слични јадења додека одите и се потите низ пеколното топло време и загадениот воздух од градскиот сообраќај. Со тоа само ќе ја усложните и онака сложената ситуација. Консумирајте супи, чорби и слични јадења кои се многу течни. Консумирајте течни оброци по неколкупати дневно. Со ваквиот начин на исхрана ќе го рехидрирате телото, ќе го одржите варењето во форма и ќе си помогнете себеси во пребродувањето на топлиот ден.

Телото работи на вода
Да, ова не треба да ви го спомнуваме, бидејќи сигурно веќе ви е јасно колку само вода му е потребно на телото за време на овие горештини. Во лето водата од телото се губи буквално од секаде. Наша должност е да внесеме што е можно повеќе вода. Доколку сте излезени надвор, не заборавајте да го понесете вашето шише Горска вода, кое треба да го употребувате постојано. Потенцираме дека природната изворската вода е многу побогата со минерали, кои дополнително придонесуваат за правилна хидратација на телото.

Пешачете побавно
Не би требало да пешачите во периодот од 10 до 16, но факт е дека понекогаш е неопходно. Не брзајте. Одете многу полека, застанувајте и периодично рехидрирајте се. Немојте да брзате или трчате во периодите кога сонцето е најсилно, бидејќи прегревањето на вашето тело може да донесе несакани последици.