Горска - поддржувач на „Филозофски филмски фестивал“

Како верни поддржувачи на сите културни и урбани манифестации, во периодот од 30. март до 08. април ќе присуствуваме на седмото издание од „Филозофскиот филмски фестивал“ кој ќе се одржи во НУ Кинотека на Македонија.

Седмото издание на фестивалот е најамбициозното издание до сега, бидејќи фестивалот од оваа година се интернационализира. Во рамките на Главната програма, во десет филмски денови ќе бидат прикажани 14 филмови. Во ревијалната програма ќе се претстават пет домашни гости – еминентни професори, режисери и интелектуалци од Македонија и тројца гости од странство. Оваа година фестивалот за прв пат се здобива со натпреварувачки карактер и во Официјалната селекција ќе има Селекција на долгометражни филмови и Селекција на краткометражни филмови од целиот свет, а по секоја проекција планирано е предавање и отворена дискусија со публиката.

Ќе ни биде задоволство ако ни се придружите и вие! ;)