Горска донираше вода за настраданите од поплавите

Сочувствувајќи со жителите кои настрадаа во поплавите во Скопје и останаа без чиста вода за пиење, рано изутрина, компанијата Горска испрати камион со вода во погодените подрачја, кој веруваме дека барем малку ќе го олесни справувањето со природната непогода.

Во текот на утрешниот ден, уште 2 камиони со Горска вода ќе бидат испратени на погодените локации.

Како општествено одговорна компанија, Горска ќе продолжи да донира во моментите на потреба и ги повикува сите да ја покажат својата хуманост со донирање на телефонскиот број 143 400.