Бесплатно групно вежбање на отворено - „Gorska on the move“ цел мај, јуни и септември во Градски парк

И оваа година, Компанијата Кодинг водејќи грижа за здравјето и квалитетот на граѓаните, го организира проектот „Горска во движење“ (Gorska on the move), овозможувајќи бесплатни вежби, водени од врвни инструктори од клубот ТОП ФОРМА. Целта е потенцирање на важноста на физичкото и психичкото здравје на луѓето, како и потсетување за значењето на водата како најважна хранлива материја и основна компонента на човековото тело.

Проектот „Горска во движење“ кој за прв пат се реализираше пред четири години, предизвика многу позитивни реакции и беше широко прифатен од граѓаните.

Овогодинешното бесплатно вежбање  „Горска во движење“ започна  на  03.05. (вторник) и ќе биде со времетраење од три месеци, секој вторник (10 мај, 17 мај, 24 мај, 31 мај, 7 јуни, 14 јуни, 21 јуни, 28 јуни, 6 септември, 13 септември, 20 септември и 27 септември), со што ќе им овозможи на сите заинтересирани, едночасовно рекреирање на теренот на ФК Работнички во Градскиот парк, со почеток од 19 часот.

 

Поради лошите временски услови, првото вежбање се оддржа во салата на Кошаркарскиот клуб Работнички, во Градскиот парк. На самиот влез секој беше пречекан со освежување. Исто така дел од присутните кои беа најиздржливи на вежбањето, си добија подарок.

Сите информации поврзани со овие активности може да се следат на фан страната на Горска вода www.facebook.com/gorskavoda.